Судии 5:13-19 MKB

13 ”Тогаш слезе остатокот од луѓето против благородните: Господ слезе со мене против крепките.

14 Од Ефрема затекоа кон долината, по нив, Венијамин стигна меѓу твоите. Од Махир настапуваат началниците, од Завулон оние што носат заповеднички жезал.

15 Исахаровите кнезови беа со Девора, и Исахар, исто, тргна со Варака, побрза да го стигне во долината. Кај Рувимовите Потоци се советуваат долго.

16 Зошто остана меѓу трлата за да ги слушаш блеењата на стадата? Кај Рувимовите Потоци се советуваа долго.

17 Галад мируваше отаде Јордан. А зошто е Дан на туѓински бродови? Зошто Асир седи на брегот на морето? и мируваше во своите пристаништа?

18 Завулон е народ што и ја вети душата на смртта, и Нефталим на висорамнините.”

19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода, но не добија ни малку сребро.