16 Зошто остана меѓу трлата за да ги слушаш блеењата на стадата? Кај Рувимовите Потоци се советуваа долго.
17 Галад мируваше отаде Јордан. А зошто е Дан на туѓински бродови? Зошто Асир седи на брегот на морето? и мируваше во своите пристаништа?
18 Завулон е народ што и ја вети душата на смртта, и Нефталим на висорамнините.”
19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода, но не добија ни малку сребро.
20 Од небесните врвици војуваа, војуваа ѕвездите против Сисара.
21 Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кедумим, поток Кисон. Цврсто гази, моја душо!
22 Тогаш се кршеа коњските копита, од трчањето, од трчањето на јунаците.