21 Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кедумим, поток Кисон. Цврсто гази, моја душо!
22 Тогаш се кршеа коњските копита, од трчањето, од трчањето на јунаците.
23 ’Проколнете го Мироз, - рече Господовиот Ангел, - проколнете ги, проколнете ги, неговите жители, зашто не Му дојдоа на помош на Господа, на помош на Господа со храбрите.’”
24 ”Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите!
25 Тој побара вода, таа му даде млеко, во скапоцена чинија му даде кравја маст.
26 Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.
27 падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”