25 Тој побара вода, таа му даде млеко, во скапоцена чинија му даде кравја маст.
26 Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.
27 падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”
28 ”Низ прозорец гледа Сисарината мајка, низ прозорец наѕира, до решетката вика: ‘Колесницата не му се враќа долго: зошто им е толку бавна запрегата?’
29 Најмудрата дворјанка и зборува, сама себе си одговара:
30 ’Плен најдоа па го делат: по девица на војник, по девица и по две, пленета разнобојна облека за Сисара, везена од двете страни, симната од плеќи на пленик!’”
31 ”Господи, така нека гинат сите Твои непријатели! А оние кои Те љубат нека бидат, како сонце, кога изгрева со сета своја сила!”