Судии 5:6-12 MKB

6 ”Во деновите на Самегар, синот Анатов, во деновите на Јаила запустеа патиштата; и оние кои што патуваа, обиколуваа наоколу.

7 Водачите престанаа во Израел, престанаа додека не станав јас, Девора, додека не станав како мајка на Израел.

8 Си избраа туѓи богови и затоа војната им застана пред вратата. За пет градови немаше ни еден штит! Ниеден цар за четириесет илјади во Израел!

9 Моето срце чука за израелските водачи, за народот што доброволно тргнува во бој! Благословувајте Го Господа!”

10 ”Вие, кои јавате на бели ослици, седејќи на меки постелки, и вие кои одите по патиштата, пејте,

11 покрај извиците на развеселените пастири кај поилата. Нека бидат славени Господовите добротворства и Неговото владеење со Израел! И Господовиот народ слезе на вратата.”

12 ”Разбуди се, Деворо, стани! Стани, запеј песна! Храбро, стани, Вараку, води ги во робје своите поробувачи, сине Авиноамов!”