Судии 8:13-19 MKB

13 По битката Гедеон, синот Јоасов, се врати од војна преку Хереската Нагорница.

14 И фати еден млад човек од Сокхот па почна да го распрашува; а тој му ги напиша имињата на сокхотските кнезови и старешини, седумдесет и седум луѓе.

15 Потоа Гедеон отиде кај Сокхотците и рече: „Еве ги Зевеј и Салман заради кои ми се потсмевнувавте мене, велејќи: ‘Дали се Зевеевата и Салмоновата рака веќе во твојата рака па да им дадеме леб на твоите изнемоштени луѓе?’”

16 Ги фати градските старешини, набра пустински трња и глогови, и ги казни со нив Сокхотците.

17 Ја разурна Фануилската Кула и ги погуби жителите.

18 Тогаш им рече на Зевеј и Салман: „Какви беа луѓето кои ги погубивте на Тавор?” „Личеа на тебе, - одговорија. - Секој беше како царски син.”

19 ”Тоа беа мои браќа, синови на мајка ми - рече Гедеон - Господ е жив! Ако ги оставевте во живот, јас не би ве убил.”