Судии 8:22-28 MKB

22 Израелците му рекоа на Гедеона: „Владеј над нас, ти и твојот син и твојот внук, зашто ти нè избави од Мадијамците.”

23 Но Гедеон им одговори: „Не, не сакам да владеам над вас, а ни мојот син; Господ ќе биде ваш владетел.”

24 Уште им рече Гедеон: „Само едно барам од вас: секој да ми го даде прстенот од својот плен.” Победените носеа златни прстења, зашто беа Исмаилци.

25 ”Со радост”, одговорија тие. Тогаш тој го распростре својот плашт, и секој од нив фрли по прстен од својот плен.

26 Тежината на златните прстења што ги побара изнесуваше илјада и седум стотини златни сикли; освен месечињата, наушниците и облеките од црвено сукно што ги носеа мадијамските цареви, и освен веришките што беа околу вратот на нивните камили.

27 Гедеон направи од тоа ефод и го постави во својот град Офра. И сиот Израел блудно одеше таму по него; и тоа им беше стапица на Гедеона и на неговиот дом.

28 Така Мадијамците беа покорени под Израелците. Веќе не ја креваа главата, и земјата беше мирна четириесет години, додека живееше Гедеон.