Судии 8:26-32 MKB

26 Тежината на златните прстења што ги побара изнесуваше илјада и седум стотини златни сикли; освен месечињата, наушниците и облеките од црвено сукно што ги носеа мадијамските цареви, и освен веришките што беа околу вратот на нивните камили.

27 Гедеон направи од тоа ефод и го постави во својот град Офра. И сиот Израел блудно одеше таму по него; и тоа им беше стапица на Гедеона и на неговиот дом.

28 Така Мадијамците беа покорени под Израелците. Веќе не ја креваа главата, и земјата беше мирна четириесет години, додека живееше Гедеон.

29 Јеровал, синот Јоасов, отиде и живееше во својата куќа.

30 Гедеон имаше седумдесет синови, кои потекнуваа од него, зашто имаше многу жени.

31 Неговата наложница, која што живееше во Сихем, му роди син, кому му го даде името Авимелех.

32 Гедеон, синот Јоасов, умре во длабока старост; го погребаа во гробот на татка му Јоас во Авиезерова Офра.