1 Авимелех, синот Јеровалов отиде во Сихем при браќата на мајка си и им рече ним и на сиот дом на својата мајка:
2 „Прашајте ги сите сихемски граѓани: ‘Што ви е подобро, над вас да владеат седумдесет луѓе, сите Јеровалови синови, или еден човек?’ Спомнете си дека јас сум од вашето тело и од вашите коски!”
3 Браќата на неговата мајка им го пренесоа тоа на другите сихемски граѓани, и нивното срце се приклони кон Авимелеха, зашто зборуваа: „Наш брат е!”
4 И му дадоа седумдесет сикли сребро од храмот Вал- Веритов; со тоа Авимелех најми расипаници и ништожници, кои тргнаа по него.