Судии 9:13-19 MKB

13 Лозата им одговори: ‘Зар да се одречам од виното што ги весели Бог и луѓето за да владеам над другите дрва?’

14 Тогаш сите дрва му рекоа на трнот: ‘Дојди, биди ни цар!’

15 А трнот им одговори на дрвата: ‘Ако навистина сакате да ме помажете за цар засолнете се под мојата сенка; ако не сакате, оган ќе пламне од трнот и ќе ги изгори сите ливански кедри.’”

16 ”И така, дали постапивте според вистината и правдата кога го избравте Авимелеха за цар? Дали се однесовте добро кон Јеровоал и кон неговиот дом? Дали му возвративте за делата што ги направи за вас?

17 Мојот татко се бореше за вас, изложувајќи го својот живот, па ве избави од рацете на Мадијамците,

18 а вие денес станавте против домот на татка ми; ги погубивте неговите синови - седумдесет луѓе на ист камен, и го направивте цар, нас жителите на Сихем, Авимелех, синот на неговата робинка, затоа што е ваш брат!

19 Ако денес постапевте според вистината и според правдата со Јеровоал и со неговиот дом, радувајте се со Авимелеха, а тој нека се радува со вас!