Судии 9:30-36 MKB

30 А кога градскиот началник, Зевул, научи што зборувал Гал, синот Еведов, се разгневи.

31 Им испрати гласници на Авимелех и на Арум и им порача: „Еве, Гал, синот Еведов, дојде во Сихем, со своите браќа, и ги бунтува граѓаните против тебе.

32 Затоа стани ноќе, ти и народот што е со тебе, и застани во заседа во полето.

33 А наутро, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога Гал и неговите луѓе ќе излезат пред тебе, ти направи со нив како што ќе можеш со твојата рака.”

34 Авимелех стана ноќе, со сите свои луѓе, и постави заседа околу Сихем во четири одреди.

35 Кога Гал, синот Еведов, излезе пред градската врата и застана, Авимелех и неговите луѓе се појавија од заседата.

36 Гал ги здогледа луѓето и му рече на Зевула: „Ене слегуваат луѓе од горските врвови.” А Зевул му одговори: „Од сенките на планинските врвови ти се причинуваат луѓе.”