Судии 9:32-38 MKB

32 Затоа стани ноќе, ти и народот што е со тебе, и застани во заседа во полето.

33 А наутро, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога Гал и неговите луѓе ќе излезат пред тебе, ти направи со нив како што ќе можеш со твојата рака.”

34 Авимелех стана ноќе, со сите свои луѓе, и постави заседа околу Сихем во четири одреди.

35 Кога Гал, синот Еведов, излезе пред градската врата и застана, Авимелех и неговите луѓе се појавија од заседата.

36 Гал ги здогледа луѓето и му рече на Зевула: „Ене слегуваат луѓе од горските врвови.” А Зевул му одговори: „Од сенките на планинските врвови ти се причинуваат луѓе.”

37 Гал проговори пак: „Ене слегуваат луѓе од возвишението, а една чета доаѓа по патот од дубравата Меоним.”

38 Тогаш Зевул му рече: „Каде ти е сега јазикот? Па ти зборуваше: ‘Кој е Авимелех за да му служиме?’ Не се ли онаму луѓето што ти ги презре? Излези сега и биј се со Авимелех!”