38 Тогаш Зевул му рече: „Каде ти е сега јазикот? Па ти зборуваше: ‘Кој е Авимелех за да му служиме?’ Не се ли онаму луѓето што ти ги презре? Излези сега и биј се со Авимелех!”
39 И Гал излезе на чело на сихемските жители и се судри со Авимелех.
40 Авимелех го подгони Гала, и тој побегна пред него; и многу негови луѓе паднаа убиени, до самата градска врата.
41 Авимелех тогаш се врати во Арума, а Зевул ги истера Гала и неговите браќа, за да не живеат во Сихем.
42 Утреден народот излезе во поле, и му го соопштија тоа на Авимелех.
43 Тој ја зеде својата војска, ја подели во три одреди и постави заседа во полето. Кога ќе видеше како луѓето излегуваат од градот, се нафрлаше врз нив и ги погубуваше.
44 Додека Авимелех, со својот одред, удираше кај градската врата, другите два одреди се нафрлија врз оние кои беа во полето, и така ги погубија.