Судии 9:42-48 MKB

42 Утреден народот излезе во поле, и му го соопштија тоа на Авимелех.

43 Тој ја зеде својата војска, ја подели во три одреди и постави заседа во полето. Кога ќе видеше како луѓето излегуваат од градот, се нафрлаше врз нив и ги погубуваше.

44 Додека Авимелех, со својот одред, удираше кај градската врата, другите два одреди се нафрлија врз оние кои беа во полето, и така ги погубија.

45 Авимелех го опсадуваше градот цел ден. Откако го зазеде, ги погуби сите жители; го разурна градот и посеа сол по него.

46 Кога го чуја тоа господарите на Мигдал Сихем, влегоа сите во утврдениот простор на храмот Вал-Верит.

47 Кога Авимелех научи дека сите жители на Мигдал-Сихем се собрале таму,

48 се искачи на Салмонската Гора со сета своја војска. Откако зеде секира во раката, отсече гранка од дрво, ја крена и ја стави на рамото. А на луѓето им заповеда: „Што видовте дека направив јас, направете брзо и вие.”