Судии 9:49-55 MKB

49 И сите луѓе пресекоа по гранка за себе, а потоа тргнаа по Авимелеха, ги нафрлија гранките пред тврдината и ја запалија со оган со нивна помош. Така умреа сите луѓе на Мигдал Сихем (Сихемска Тврдина), околу илјада мажи и жени.

50 Потоа Авимелех тргна против Тевес, го опседна и го освои.

51 Таму имаше, среде град, стражарница, каде се засолнаа сите мажи и жени и сите градски жители. Откако ја затворија вратата зад себе, се искачија на покривот на стражарницата.

52 Авимелех дојде до стражарницата и ја нападна. Додека и пристапуваше на вратата за да ја изгори со оган,

53 една жена му фрли млински камен на главата и му го скрши черепот.

54 Тој го повика брзо својот слуга, оружјеносецот, и му рече: „Истргај го мечот и убиј ме за да не се зборува за мене: ‘Жена го уби!’” Неговиот слуга го прободе, па тој умре.

55 Кога Израелците видоа дека Авимелех е мртов, сите се вратија во своите места.