52 Авимелех дојде до стражарницата и ја нападна. Додека и пристапуваше на вратата за да ја изгори со оган,
53 една жена му фрли млински камен на главата и му го скрши черепот.
54 Тој го повика брзо својот слуга, оружјеносецот, и му рече: „Истргај го мечот и убиј ме за да не се зборува за мене: ‘Жена го уби!’” Неговиот слуга го прободе, па тој умре.
55 Кога Израелците видоа дека Авимелех е мртов, сите се вратија во своите места.
56 Така Бог му плати на Авимелеха за злото што тој му го стори на татка си, убивајќи седумдесет свои браќа.
57 И сите зли дела на сихемските мажи Бог ги сврте врз нивните глави. И така ги стигна проклетството на Јотам, синот Јеровалов.