8 Еднаш тргнале дрвата за да помазат цар кој ќе владее над нив. Па и рекоа на маслинката: ‘Биди ни цар!’
9 Маслинката им одговори: ‘Зар да се одречам од своето масло, што им е на чест на Бог и на луѓето за да владеам над другите дрва?’
10 Тогаш дрвата и рекоа на смоквата: ‘Дојди, биди ни цар!’
11 Смоквата им одговори: ‘Зар да се откажам од слаткоста и од својот красен плод за да владеам над другите дрва?’
12 Тогаш дрвата и рекоа на лозата: ‘Дојди, биди ни цар!’
13 Лозата им одговори: ‘Зар да се одречам од виното што ги весели Бог и луѓето за да владеам над другите дрва?’
14 Тогаш сите дрва му рекоа на трнот: ‘Дојди, биди ни цар!’