Откровение 11:11-17 MNT

11 Но по три и пол дена, во нивните тела ќе се врати животодавниот дух од Бог и тие ќе станат. Голем страв ќе ги зафати оние што ќе ги гледаат!

12 Тогаш чув глас од небото, кој на двајцата пророци им рече: „Искачете се овде!“ Пред очите на нивните непријатели, тие во облак се вознесоа на небото.

13 Во исто време, градот го погоди страшен земјотрес. Една десетина од градот беше разурната, а седум илјади души загинаа. Преживеаните ги обзеде голем страв и Му оддадоа слава на небесниот Бог.

14 Втората мака помина, но еве, веќе пристигнува и третата!

15 Седмиот ангел затруби и од небото зататнеа силни гласови, кои говореа: „Власта над целиот свет Му припаѓа на нашиот Господ и на Неговиот Помазаник, Кој ќе владее во вечни векови!“

16 Тогаш дваесет и четирите старешини што седеа на своите престоли пред самиот Бог, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог,

17 говорејќи: „Господе, Семоќен Боже, Ти Којшто постоиш, и Кој отсекогаш си постоел: Ти благодариме, што најпосле во Свои раце ја презеде големата власт и што Твоето владеење започна!