1 Потоа на небото се покажа една чудна појава: жена облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на главата имаше венец со дванаесет ѕвезди.
2 Жената се породуваше и врескаше од породилни болки.
3 Тогаш и друга глетка се појави на небото: еден голем црвен Змеј со седум глави и десет рогови; на секоја од седумте глави имаше круна.
4 Со својата опашка Змејот завлече една третина од ѕвездите на небото и ги собори долу на Земјата. Потоа Змејот се упати кон жената за да и го погуби Детето, откако ќе Го роди.
5 Жената роди Син, Кој ќе владее над сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај Бог, на Неговиот престол.
6 Жената, пак, побегна во пустината, на местото што Бог го беше приготвил како засолниште за неа - таму да биде згрижена илјада двесте и шеесет дни.
7 Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели.