Откровение 14:1-7 MNT

1 Понатаму, во моето видение Го видов Јагнето како стои на гората Сион. Со Него стоеја 144.000луѓе кои на своите чела го носеа напишано Неговото име и името на Неговиот небесен Татко.

2 Тогаш од небото чув громогласен звук како од силен водопад. Звукот прилегаше на музика од голем број свирачи на харфи.

3 Таму, пред Божјиот престол, пред четирите живи суштества и пред старешините, стоеја 144.000души откупени од Земјата и пееја една нова песна што ја знаеја само тие.

4 Овие луѓе се духовно неопоганети, чисти како девственици и Го придружуваат Јагнето секаде каде што оди. Тие се откупени меѓу луѓето и први ќе бидат претставени пред Бог и пред Јагнето.

5 Нивните усти никогаш не изговориле лага; тие се луѓе без пороци.

6 Потоа забележав еден друг ангел кој леташе во небесните височини. Тој го носеше вечното Евангелие за да им го проповеда на луѓето од сите раси, племиња, јазици и народи на Земјата.

7 Ангелот говореше со мошне силен глас, велејќи: „Покажете страхопочит спрема Бог, зашто дојде времето Тој да им суди на сите! Поклонете Му се на Создателот на небото, на Земјата, на морињата и на водените извори!“