16 Тогаш Оној што седеше на облакот замавна со српот и ја ожнеа Земјата.
17 Потоа од Храмот на небото излезе и друг ангел; и тој имаше остар срп во раката.
18 Во тој миг откај жртвеникот излезе уште еден ангел - кој го надгледуваше огнот на жртвеникот - и со силен глас му се обрати на ангелот со остриот срп: „Замавни со својот срп и обери го сето грозје од лозјето на Земјата, зашто тоа е веќе узреано!“
19 Тогаш ангелот замавна со српот и го обра сето грозје на Земјата и го собра во големата каца на Божјиот гнев.
20 Грозјето во кацата беше изгмечено надвор од градот. А кога се гмечеше, од кацата се разлеа река од крв долга околу триста километри, чија длабочина досегаше до уздите на коњите.