Откровение 15:1-5 MNT

1 Потоа на небото видов уште една чудесна и величествена глетка. Седум ангели ги носеа последните седум стравотни неволи, со кои ќе се доврши Божјиот гнев.

2 Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име.

3 Тие ја пееја песната што ја пеел Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето, со следниве зборови: „Величествени и прекрасни се Твоите дела, Господе, Семоќен Боже! Праведни и правилни се Твоите постапки, Царе над народите!

4 Како да не Те почитуваме, Господе, како да не Го славиме Твоето име!? Само Ти Си свет, сите народи ќе дојдат Тебе да ти се поклонат, зашто се покажа дека Твоите постапки се праведни!“

5 По ова, забележав дека ширум се отвори Храмот на небото, односно Шаторот на Божјото присуство.