Откровение 17:1-7 MNT

1 Потоа еден од седумте ангели што ги истурија седумте садови дојде кај мене и ми рече: „Дојди да ти покажам како Бог ќе и пресуди на бесрамната блудница - таа што седи над многу води.

2 Со неа блудничеа сите земни владетели; таа ги опи жителите на Земјата со своите бесрамни постапки, како со опојно вино.“

3 Ангелот ме пренесе со духот во пустината; таму видов една жена качена на црвен Ѕвер. Ѕверот беше полн со богохулни натписи и имаше седум глави и десет рогови.

4 Жената беше облечена во пурпурно-црвени облеки и носеше накит од злато, скапоцени камења и бисери. Во раката таа држеше златна чаша полна со гнасните и валкани дела на нејзиниот неморал.

5 На челото и беше напишан натпис што има таинствено значење и гласи: „Јас сум величествениот Вавилон, мајка на блудниците и гнасотиите на Земјата“

6 Забележав дека жената беше пијана од крвта на Божјите луѓе и од крвта на Исусовите следбеници. Оваа глетка многу ме изненади и ме зачуди.

7 Затоа ангелот ми рече: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја објаснам тајната за оваа жена и за Ѕверот со седум глави и со десет рогови што ја носи: