Откровение 19:10-16 MNT

10 Тогаш јас клекнав пред ангелот за да му се поклонам, но тој ми рече: „Немој! И јас сум Божји служител, како што си и ти, и сите други следбеници на Исус. Само на Бог поклонувај Му се! А духот на пророкувањето е јасно да се посведочи за Исус.“

11 Потоа небото се отвори и се појави еден бел коњ. Коњаникот Го нарекуваа ?Верниот и Вистинитиот‘ и Тој е секогаш справедлив кога суди или кога војува.

12 Очите Му светат како огнен пламен, а на главата носи многубројни круни. Името Му беше напишано, но само Тој знае што значи тоа име.

13 Коњаникот носеше облека натопена во крв; Тој е познат и под името ?Божји Збор‘.

14 Во Негова придружба беа цели војски од небото, качени на бели коњи, облечени во облеки од чисто, бело ленено платно.

15 Од устата Му излегуваше остар меч, со кој ќе ги порази неверните народи. Тој ќе владее над нив со железен скиптар и ќе го изгази грозјето во кацата на зоврениот гнев на Семоќниот Бог.

16 На Неговата облека, отстрана, беше напишано: ,Цар над царевите и Господар над господарите‘.