1 До гласникот на црквата во Ефес, напиши го следново: Ова ви го порачува Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десна рака и што оди меѓу седумте златни свеќници:
2 Познати Ми се вашите дела, труд и трпение. Знам дека не поднесувате зли луѓе. Кога некои луѓе се прикажувале за апостоли, а не биле, вие сте ги провериле и сте утврдиле дека тие се лажливци.
3 Непоколебливи и неуморни сте, иако имате претрпено многу заради Мене.
4 Но имам нешто против вас: Вие веќе немате таква љубов спрема Мене, каква што имавте на почетокот!