Откровение 21:12-18 MNT

12 Околу градот имаше високи и широки ѕидови, со дванаесет порти; пред секоја порта стоеше по еден ангел. На секоја порта беше напишано по едно од имињата на дванаесетте Израелови синови, односно племиња.

13 Три порти беа на источната страна, три на северната, три на јужната и три на западната страна.

14 Градските ѕидови беа поставени врз дванаесет темели; на секој темел беше напишано името на еден од дванаесетте апостоли на Јагнето.

15 Ангелот што зборуваше со мене во раката држеше метар за мерење на градот, на портите и на градските ѕидови.

16 Градот имаше изглед на коцка: должината и височината му беа еднакви. Тој го измери градот и се покажа дека градот е долг 2.220километри, а исто толку изнесуваа и неговата широчина и неговата височина.

17 Потоа ангелот, користејќи човечки мери, ги измери и ѕидовите: нивната широчина изнесуваше околу шеесет метри.

18 Ѕидовите беа изградени од јаспис, а градот - од чисто злато, кое светкаше како кристал.