Откровение 21:13-19 MNT

13 Три порти беа на источната страна, три на северната, три на јужната и три на западната страна.

14 Градските ѕидови беа поставени врз дванаесет темели; на секој темел беше напишано името на еден од дванаесетте апостоли на Јагнето.

15 Ангелот што зборуваше со мене во раката држеше метар за мерење на градот, на портите и на градските ѕидови.

16 Градот имаше изглед на коцка: должината и височината му беа еднакви. Тој го измери градот и се покажа дека градот е долг 2.220километри, а исто толку изнесуваа и неговата широчина и неговата височина.

17 Потоа ангелот, користејќи човечки мери, ги измери и ѕидовите: нивната широчина изнесуваше околу шеесет метри.

18 Ѕидовите беа изградени од јаспис, а градот - од чисто злато, кое светкаше како кристал.

19 Дванаесетте темели му беа од скапоцени камења. Првиот темел беше од јаспис, вториот од сафир, третиот од ахат, четвртиот од смарагд;