21 Секоја од дванаесетте порти беше од по едно зрно бисер. Улиците на градот беа од чисто злато, кое светкаше како кристал.
22 Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм.
23 На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.
24 Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава.
25 Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има.
26 Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот.
27 Тие што се недостојни, немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.