Откровение 22:9-15 MNT

9 Но тој ми рече: „Немој, не прави го тоа! И јас сум само Божји служител, како и ти, како што се и пророците и сите други што им се послушни на зборовите запишани во оваа книга. На Бог поклони Му се!“

10 Уште ми рече: „Не запечатувај ги пророштвата запишани во оваа книга, зашто овие работи наскоро ќе се остварат.

11 Злите луѓе ќе продолжат да вршат зло, испоганетите умови ќе продолжат да се поганат. Но, праведните луѓе ќе продолжат да живеат праведно, Божјите луѓе секогаш ќе бидат свети.“

12 Потоа Исус ми рече: „Очекувајте Ме, зашто наскоро ќе се вратам! Тогаш ќе го наградам секого според делата.

13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Зачетникот и Завршителот.

14 Благословени ќе бидат оние што ,своите облеки си ги перат‘; тие ќе добијат право да јадат од плодовите на Дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

15 А надвор од градот ќе останат ,кучињата‘, вражачите, блудниците, убијците, обожавателите на идоли и сите што ја сакаат лагата и што лажат.