1 Потоа видов четири ангели кои стоеја на четирите страни на Земјата. Тие ги задржуваа ветровите од четирите страни на Земјата да не дуваат ни на земјата, ни на морето ниту пак на дрвјата.
2 Потоа забележав еден друг ангел како доаѓа од исток. Тој го носеше печатот на Живиот Бог. Со многу силен глас тој им се обрати на четирите ангели на кои Бог им беше дал власт да ги пустошат земјата и морињата:
3 „Не пустошете ни по земјата, ни по морињата, ниту пак по дрвјата, додека не ги обележам со печат в чело Божјите слуги!“
4 Тогаш го слушнав и бројот на обележаните со Божјиот печат: тие беа вкупно сто и четириесет и четири илјади души, од сите племиња на Израел, и тоа: