14 Јас му одговорив: „Господине, Ти го знаеш тоа!“ Тогаш тој ми рече: „Тоа се оние што минаа низ големи страдања. Тие ги избелија своите облеки перејќи ги во крвта на Јагнето.
15 Затоа сега стојат пред Божјиот престол и деноноќно Му служат во Неговиот храм. А Тој што седи на престолот ќе ги заштитува со Своето присуство.
16 Тој никогаш нема да дозволи тие да гладуваат или да ожеднат, ниту пак да ги пече Сонцето или некоја друга горештина.
17 Јагнето, Кое е на средината на престолот, ќе им биде Пастир и ќе ги пои со животодавна вода. И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“