1 Кога Јагнето го отвори седмиот печат, на небото настапи полчасовен молк.
2 Потоа забележав дека на седумте ангели што стоеја пред Бог им беа разделени седум труби.
3 Во тој момент еден друг ангел, кој носеше златна кадилница, дојде и застана врз жртвеникот. Нему му беше дадено големо количество темјан да го принесе заедно со молитвите на Божјите луѓе, на златниот жртвеник, пред престолот.
4 Тогаш од раката на ангелот се подигна дим од темјанот и од молитвите на Божјите луѓе и втаса до Бог.
5 Потоа ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со жар од жртвеникот и го истури врз Земјата. Од тоа зататнеа грмотевици, болснаа молскавици, а Земјата почна да се тресе.
6 Седумте ангели кои ги имаа седумте труби се подготвија да затрубат.