1 Петтиот ангел затруби и видов една ѕвезда како паѓа од небото на Земјата. Нејзе и беа дадени клучевите од јамата што води до Бездната.
2 Кога таа ја отвори јамата на Бездната, низ неа излезе дим како од огромна печка. Од димот поцрнеа и Сонцето и воздухот.
3 Од истиот дим излегоа рој скакулци и ја наполнија Земјата. Ним им беше дадена моќ да касаат како скорпии.
4 На скакулците им беше наредено да не ги пустошат ни тревата ни другото зеленило, ниту пак дрвјата, туку да ги напаѓаат само луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела.