10 Имаа и опашки, со осила слични како на скорпии; со кои можеа да ги измачуваат луѓето пет месеци.
11 Тие имаа и свој цар - тоа беше ангелот на Бездната, чие име на хебрејски е Абадон, а на грчки - Аполион.
12 Првата мака помина, но еве, доаѓаат уште две!
13 Шестиот ангел затруби и чув глас што проговори од четирите рогови на златниот жртвеник, поставен пред Бог.
14 Гласот му беше упатен на шестиот ангел со труба, и му рече: „Одврзи ги четирите ангели кои се врзани покрај големата река Еуфрат!“
15 Овие четири ангели биле определени токму за овој час, ден, месец и година. Сега беа одврзани за да погубат една третина од вкупниот број жители на Земјата.
16 Го чув и бројот на нивната војска: тој изнесуваше двесте милиони коњаници!