1 Јован 1 MK2006D

Предговор

1 Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот –

2 и животот се јави, и видовме, и све­дочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави –

3 она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате за­едништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.

4 Тоа ви го пишуваме за да биде ра­доста наша потполна.

Да одиме во светлина, ослободени од гревот

5 А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа де­ка Бог е светлина, и во Него нема ни­каква темнина.

6 Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.

7 А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.

8 Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас.

9 Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.

10 Ако, пак, речеме дека не сме згре­шиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.

поглавја

1 2 3 4 5