1 Јован 3 MK2006D

Божји чеда

1 Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него.

2 Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Зна­еме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.

3 И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој.

4 Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.

5 А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него не­ма.

6 Секој, кој пребива во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.

7 Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.

8 Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.

9 Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога.

10 Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.

Да се љубиме еден со друг

11 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.

12 Но не како Каин, кој беше од лу­ка­виот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.

13 Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.

14 Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме бра­ќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.

15 Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.

16 Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.

17 Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?

18 Чеда мои, да не се сакаме со збо­ро­ви или со јазик, туку со дела и вистина!

Увереност пред Бога

19 И по тоа ќе знаеме дека сме од вис­тината, и пред Него ќе го увериме своето срце;

20 бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.

21 Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,

22 и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите за­по­веди и правиме што е благоугодно пред Него.

23 А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.

24 И оној, што ги чува заповедите Не­гови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Ду­хот што ни Го дал.

поглавја

1 2 3 4 5