2 и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави –
3 она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
4 Тоа ви го пишуваме за да биде радоста наша потполна.
5 А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
6 Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
7 А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
8 Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.