4 Тоа ви го пишуваме за да биде радоста наша потполна.
5 А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
6 Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
7 А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
8 Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.
9 Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
10 Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.