1 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот;
2 а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет.
3 По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди.
4 Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина;
5 а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.
6 Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.
7 Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.