1 Јован 2:10-16 MK2006D

10 Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна.

11 А кој го мрази братот свој, тој се на­оѓа во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови.

12 Ви пишувам, чеда, дека заради Не­говото име ви се простени гревовите.

13 Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној Кој е од почеток; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот.

14 Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот.

15 Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.

16 Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.