15 Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.
16 Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.
17 А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.
18 Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час.
19 Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши.
20 А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете.
21 Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и затоа што знаете дека ниедна лага не доаѓа од вистината.