22 Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Антихрист е тој што Ги порекнува Отецот и Синот.
23 Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот; а кој Го признава Синот, Го има и Отецот.
24 И така, сѐ што чувте во почетокот, тоа и нека остане кај вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот.
25 А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот.
26 Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат.
27 А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.
28 И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да не се посрамиме од Него кога ќе дојде.