25 А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот.
26 Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат.
27 А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.
28 И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да не се посрамиме од Него кога ќе дојде.
29 Кога знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој, кој врши правда, е роден од Него.