7 Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.
8 А сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистина и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети.
9 Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во темнина.
10 Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна.
11 А кој го мрази братот свој, тој се наоѓа во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови.
12 Ви пишувам, чеда, дека заради Неговото име ви се простени гревовите.
13 Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној Кој е од почеток; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот.