12 Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.
13 Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.
14 Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.
15 Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.
16 Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.
17 Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаштија, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?
18 Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!