17 Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаштија, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?
18 Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!
19 И по тоа ќе знаеме дека сме од вистината, и пред Него ќе го увериме своето срце;
20 бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.
21 Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,
22 и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23 А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.