2 Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.
3 И секој што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Тој.
4 Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5 А знаете дека Тој се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема.
6 Секој, кој пребива во Него, не греши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.
7 Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.
8 Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.