21 Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,
22 и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23 А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.
24 И оној, што ги чува заповедите Негови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Духот што ни Го дал.