5 А знаете дека Тој се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема.
6 Секој, кој пребива во Него, не греши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.
7 Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.
8 Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.
9 Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога.
10 Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
11 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.