8 Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.
9 Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога.
10 Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
11 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.
12 Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.
13 Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.
14 Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.